• понеделник, 23 декември 2024

Дрејк објави спот за двете негови последни песни (видео)

Дрејк објави спот за двете негови последни песни (видео)
Торонто, 2 март 2020 (МИА) - Раперот Дрејк на крајот од февруари објави два сингла, но, тоа што е интересно е дека за нив е снимен еден видеоспот, што досега пејачот не го сторил. https://youtu.be/0jz0GAFNNIo Во првата половина - онаа за „When to Say When", Дрејк минува низ Бруклин, а втората, онаа за „Chicago Freestyle", ги води обожавателите низ својата вила во Торонто, Канада. Во видеото тој им оддава почит на своите колеги Џеј Зи и Еминем, чии песни „Song Cry" и „Superman", исто така, во делови се појавуваат во спотот. Ова се првите соло-песни на Брејк за 2020 година. За годинава тој најави и нов албум, но сè уште не се соопштува кога точно ќе се случи тоа. си/сд/

Остани поврзан