Дреново доби простор за најмладите во рамките на кавадаречката градинка
- Селото Дреново доби простор за најмладите што ќе функционира во рамките на кавадаречката градинка, објектот денеска беше посетен од страна на министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.
Кавадарци, 7 март 2024 (МИА) – Селото Дреново доби простор за најмладите кој ќе функционира во рамките на кавадаречката градинка. Објектот денеска беше посетен од страна на министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.
- Општина Кавадарци заедно со Министерството за труд и социјална политика работи на тоа, секое детеда биде згрижено. Објектот во селото е реконструиран и адаптиран од локалната самоуправа, а опремата е финансирана од Министерството за труд и социјална политика, рече министерот, нагласувајќи дека вакви проекти ќе се поддржуваат и во иднина.
Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека ова е трет клон на градинка, што се отвора во село, во општината Кавадарци. Тој нагласи дека дечињата ќе ги имаат сите услови што им се неопходни, за успешно спроведување на предучилишното воспитание и образование. Јанчев информираше дека биле вложени околу три ипол милиони денари за пренамена на објект и партерно уредување. свд/ир
Фото: МИА