• понеделник, 23 декември 2024

Древните Кинези вареле пиво на два различни начина

Древните Кинези вареле пиво на два различни начина
Лос Анџелес, 22 јануари 2020 (МИА) - Древни наоди открија дека на територијата на Кина, луѓето пред 6.000 години вареле пиво на два различни начина. Во првиот метод е користено за’ртено просо, семиња од трева и ориз. Така се добивало послабо пиво. Во другиот начин се користени почетен агенс, мувлосана трева и зрна, соопшти тимот научници од Универзитетот Стенфорд, Калифорнија, САД. Илјадалетија подоцна, двата начина се опишани во литературата, како „ли“ - послабо пиво и посилното „џиу". Производството на алкохол од зрнести култури се одвива во две етапи. При првата, скробот се хидролизира до шеќери, подобни за ферментација со помош на ензими. Втората етапа е самата ферментација, при што квасецот ги претвора шеќерите во етил алкохол и јаглероден оксид. При варењето на пивото со слад овие процеси се изведуваат независно еден од друг. При користењето на почетен агенс, тие се одвиваат во истовреме. си

Остани поврзан