• недела, 22 декември 2024

Драјсајтл стана најплатен хокеар во историјата на НХЛ лигата

Драјсајтл стана најплатен хокеар во историјата на НХЛ лигата


Едмонтон, 3 септември 2024 (МИА) – Германската хокеарска ѕвезда Леон Драјсајтл потпиша нов осумгодишен договор вреден 112 милиони долари со Едмонтон, објави денеска клубот од северноамериканската хокеарска лига (НХЛ).
Новиот договор го прави 28-годишниот Германец најплатен играч во историјата на НХЛ со годишна плата од 14 милиони долари.
Првото место претходно го држеше капитенот на Торонто, Остон Метјус со 13,25 милиони долари годишно.
Новиот договор на Драјсајтл ќе стапи на сила на почетокот на сезоната 2025/26.
Германскиот хокеар во моментов заработува 8,5 милиони долари по сезона. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан