• четврток, 04 јули 2024

Драган Николиќ нов тренер на МЗТ

Драган Николиќ нов тренер на МЗТ

Скопје, 27 декември 2022 (МИА) - Српскиот кошаркарска стручњак, Драган Николиќ, од денеска е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша договор до крајот на сезоната со можност тој да биде продолжен и до јуни 2024 година.

- Станува збор за добро познато име за македонската спортска јавност, со оглед што во сезоната 2016/17 повеќе од успешно го предводеше Карпош Соколи во АБА-лигата и ни беше повеќе од достоен ривал во битката за титулата во првата лига, која на крајот ја обезбедивме дури по „мајсторка“. Николиќ има и македонски пасош со оглед на потеклото на неговото семејство од нашата земја, а згора на тоа негова сопруга е една од најдобрите македонски кошаркарки на сите времиња, Марија Видикова, објавија попладнево „сино-белите“.

Последен клуб на 50-годишниот Николиќ беше Борац Бања Лука (2020-2022) со кој настапи на завршниот турнир од АБА2 годинава во април во Скопје. Претходно, ја предводеше Игокеа, полски Кошалин, Младост Земун, а на почетокот на 21 век неколку сезони беше тренер на поранешниот женски гигант од Охрид, тимот на Профитнес.

Популарниот Гаги се очекува денеска да пристигне во Скопје, а дебито на клупата ќе го има в петок на гостувањето кај Цибона во меч од 13. коло од АБА-лигата. зс/

Остани поврзан