• понеделник, 23 декември 2024

До 20 септември „Геге Куп“ во фудбал во Ѓорче Петров

До 20 септември „Геге Куп“ во фудбал во Ѓорче Петров

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - Во рамки на Денови на Општина Ѓорче Петров, а по повод државниот празник 8 Септември, во населбата Даме Груев во Ѓорче Петров викендов стартуваше големото спортско натпреварување во фудбал „Геге Куп 2024“. 

До 20 септември, кога со централна манифестација ќе биде одбележан Денот на Општина Ѓорче Петров, 17 екипи од Скопје ќе се борат за првото место на реконструираното мултифункционало игралиште во Даме Груев.

Турнирот го отвори градоначалникот Александар Стојкоски кој во обраќањето пред присутните рече дека следуваат вкупно 32 натпревари.

- Ќе сведочиме за вистинска фудбалска магија, исполнета со страст, тимски дух и несебична поддршка. Наградниот фонд од 125.000 денари ги мотивира играчите, а сите ние сме тука да ги поддржиме и да прославиме заедно, како заедница која верува во спортот и заедништвото – нагласи Стојкоски.

Овие денови, посочи, го славиме не само спортот, туку и силата на заедништвото, маалскиот дух и љубовта кон фудбалот што не обединува. 

-Турнирот "Геге Куп" не е само натпревар, туку симбол на нашата заедница, на другарството и поддршката меѓу генерации – подвлече градоначалникот кој информираше дека се предвидени и посебни признанија за најдобрите екипи и најдобриот стрелец. 

Општина Ѓорче Петров во деновите што доаѓаат има подготвено многу нови културно-забавни настани за сите генерации. Ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во одбележување на Денови на Општина Ѓорче Петров. сст/дма/

фото Општина Ѓорче Петров 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан