• сабота, 04 мај 2024

До 17 часот во Дебар излезноста 29, а во Центар Жупa 15,57 отсто

До 17 часот во Дебар излезноста 29, а во Центар Жупa 15,57 отсто

Дебар, 24 април 2024 (МИА) - Во општините Дебар и Центар Жупа, до 17 часот правото на глас го оствариле 29 односно 15,57 отсто од запишаните во избирачките списоци.

-Изборниот ден пополека изминува во најдобар ред, во сите 27 избирачки места. До 17 часот гласаа 5562 или 29 отсто од вкупно запишаните 19.334 лица со право на глас.  Членовите на Општинската изборна комисија редовно вршеа обиколки на избирачките места и не се забележани никакви недоследности во текот на гласањето, вели Рилинд Хаса, претседател на општинската изборна комисија на Дебар.

Според претседателот на Општинската изборна комисија во општина Центар Жупа, Неџип Илјаз до 17 часот на гласање излегле 1.147 лица со право на глас или 15,57 отсто од вкупно запишаните  7.383 лица. И во оваа општина пополека изборниот ден изминува без проблеми.

Изборите во двете општини ги следеа набљудувачи на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, како и на граѓански асоцијации. вт/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан