• сабота, 04 мај 2024

До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22

До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22

Куманово, 24 април 2024 (МИА) -  Според податоците на Државната изборна комисија во Куманово до 13 часот гласале 23, 08 проценти од обработените 71,81 отсто. Во Куманово право на глас имаат 93.364 гласачи кои гласаат на 167 избирачки места.

Во Липково, како што е наведено на веб страната на ДИК, гласале 16,15 проценти од 99,90 отсто од обработените податоци. Во оваа општина право на глас имаат 25.998 избирачи кои гласаат на 36 места.

- Гласањето е непречено, изјави претседателката на ОИК, Ајше Демири.

Според податоците на ДИК во Старо Нагоричане до 13 часот гласале 22,38 проценти од обработените 99,87 проценти. Таму право на глас имаат 3.043 гласачи кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.

- Тековно се спроведува гласањето, рече претседателот на ОИК, Марјан Даиловски. ам/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан