До понеделник стабилно време, од вторникт локален дожд
- До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Скопје, 17 декември 2025 (МИА) - До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, утре минималните температури ќе се движат во интервал од -5 до 2 степени Целзиусови, додека максималните ќе достигнат од 6 до 13 степени.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до -4 степени, а максималната ќе достигне до 6 степени Целзиусови. дма/са/
Фото: МИА архива