• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

До недела променливо облачно со повремен дожд

До недела променливо облачно со повремен дожд

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд, над 60 литри на метар квадратен.

Утре, како што соопшти УХМР,  минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени, а максималната од 11 до 20 степени Целзиусови. дма/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан