Дојран ќе ги претстави туристичките капацитети на Саемот за туризам во Белград
- Општина Дојран и годинава ќе учествува на Саемот за туризам, што ќе се одржи до 23 до 26 овој месец во Белград.
Дојран, 21 февруари 2023 (МИА) - Општина Дојран и годинава ќе учествува на Саемот за туризам, што ќе се одржи до 23 до 26 овој месец во Белград.
Според информациите од локалната самоуправа, на овој престижен саем ќе ги претстават убавините на Дојран и Дојранското Езеро, локалните кафеани, ресторани и сместувачки капацитети.
- До вчера сите заинтересирани ги доставија своите промотивни материјали во Општината, кои ќе бидат поставени на штандот на Дојран на Белградскиот саем и ќе бидат поделени на заинтересираните посетители, информираа од Општината.
Инаку, лани Дојран имаше успешна промоција на туристичките капацитети на Саемот во Белград, а според остварените ноќевања значајно место заземаат тие од гостите од Србија, кои порано само поминуваа низ Дојран на пат кон Грција, но од лани се поголем е бројот на српски туристи кои остануваат и повеќе денови на брегот на Езерото. рт/цр