• недела, 30 јуни 2024

Достапна виртуелна прошетка низ Крива Паланка за поголема туристичка промоција

Достапна виртуелна прошетка низ Крива Паланка за поголема туристичка промоција

Крива Паланка, 13 октомври 2023( МИА) - Крива Паланка ја промовира и дисперзира својата туристичка понуда преку виртуелна прошетка низ градот достапна на платформата http://www.macedoniafromabove.mk./

Од Општината Крива Паланка посочија дека отсега, благодарение на информатичката технологија, со само со еден клик  на линкот https://macedoniafromabove.mk/krivapalanka/index.htm?language=mk сите ја имаат Крива Паланка на дланка со: најпознатите туристички локалитети, најдобрите угостителски и сместувачки капацитети.

-Сите туристи, посетители и љубители на природата можат да ја истражат Крива Паланка, да ги пронајдат брзо и лесно сите локации за незаборавни моменти и прекрасни спомени од градот. Крива Паланка гостопримливо чека на брегот на Крива и Дурачка Река, нуди раскошна природа, чист воздух, богата традиција, историја, автентична архитектура, меѓународни манифестации, фестивали и незаборавна програма за култура.

Посетете ја Крива Паланка во сите 365 денови од годината, привлечна за љубителите на спортско-рекреативен, планински и алтернативен, гастрономски и еко-туризам, се вели објавата на општинските социјални мрежи каде што се достапни линковите за пристап до платформата.

Од службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка информираат дека приклучувањето кон платформата има за цел  поддршка на угостителскиот сектор и сопствениците на сместувачки капацитети на локално ниво.

-Општина Крива Паланка, преку примена на нови ИТ алатки овозможи виртуелено преставување на Општината т.е.“Визуелен 360° туристички водич“,  како нов, уникатен и возбудлив начин на интернет доживување, велат од општинските служби задолжени за медиумска промоција.

За полесен пристап до водичот на општинската веб страница www.krivapalanka.gov.mk  е поставен специјален банер. ид/љм

Фото: Општина Крива Паланка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан