Досегашниот градоначалник на Росоман, Николов му посака успешна работа на новоизбраниот Крстевски
- Според ДИК, во општина Росоман за Ѓорѓи Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 1.305 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата, Стојан Николов, гласале 1.231 избирач.
Росоман, 3 ноември 2025 (МИА) - Досегашниот градоначалник на Росоман, Стојан Николов, денеска се заблагодари на сите кои се охрабриле и му ја дале поддршката на вчерашниот, втор круг од локалните избори.
- За жал не успеавме, на новиот градоначалник му посакувам успешна и плодна работа, напиша тој на „Фејсбук“.
Според ДИК, во општина Росоман за Ѓорѓи Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 1.305 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата, Стојан Николов, гласале 1.231 избирач. свд/бд/
Фото: ВМРО-ДПМНЕ