• среда, 04 февруари 2026

Дончиќ: Имаме одличен тим, но сè уште имаме многу работа

Дончиќ: Имаме одличен тим, но сè уште имаме многу работа

Лос Анџелес, 3 февруари 2026 (МИА) – Еден од најдобрите кошаркари на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, ги оцени изгледите на тимот за шампионската титула во сезоната 2025/26.

- Мислам дека сме во добра позиција. Секако, сè уште имаме работа да направиме. Но, мислам дека имаме одличен тим, изјави Дончиќ за „Basketball Network“.

Оваа сезона, 26-годишниот Словенец одигра 40 натпревари, со просек од 33,6 поени, 8 скока, 8,8 асистенции и 1,5 украдени топки.

Тимот од Лос Анџелес, со 29 победи во 48 натпревари, е шести на табелата во Западната конференција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан