Донација за Мал групен дом Кавадарци
- Сектор за култура и јавни дејности при Општина Кавадарци овозможи донација наменета за Мал групен дом Кавадарци – дом за деца без родителска грижа, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Кавадарци, 14 април 2025 (МИА) - Сектор за култура и јавни дејности при Општина Кавадарци овозможи донација наменета за Мал групен дом Кавадарци – дом за деца без родителска грижа, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Донацијата се состои од осум душеци за спиење и еден телевизор, со цел да се подобрат условите за престој и секојдневието на овие деца. Средствата за донацијата беа собрани преку новогодишната хуманитарна продажба на уникатни новогодишни дела, изработени со љубов и креативност од дечињата од Детската градинка „Рада Поцева“ и учениците од основните општински училишта, појаснија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму истакнаа дека оваа хуманитарна акција уште еднаш ја покажува сплотеноста, грижата и солидарноста на нашата заедница, а најмногу – големото срце на најмладите. свд/дма/
Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев