• вторник, 13 јануари 2026

Донација во постелнина за Болница Кавадарци

Донација во постелнина за Болница Кавадарци

Кавадарци, 25 декември 2025 (МИА) -  Кавадаречката болница, во која се лекуваат пациенти од тиквешкиот регион, доби донација во постелнина за 30 болнички кревети.

- ЈЗУ Општа Болница Кавадарци изразува искрена благодарност до д-р Весна Чемерска Попова и Гоце Попов, сопственици на Wine Cellar Popovi – апартмани, за нивната хумана и несебична донација на постелнина за 30 болнички кревети, соопштија од Болницата. 

Оттаму истакнаа дека оваа донација значително придонесува кон подобрување на условите за престој и грижа на пациентите и претставува вистински пример за човечност и општествена одговорност.

- Ви благодариме што со вашата несебична поддршка го подобрувате животот на нашите пациенти и ја поттикнувате хуманоста во нашата заедница, напишаа од Болницата во објава на Фејсбук. свд/лв/


Фото: МИА архива

Остани поврзан