• недела, 30 јуни 2024

Донација во медицинска опрема за Итната помош во Делчево

Донација во медицинска опрема за Итната помош во Делчево
Делчево, 7 јуни 2022 (МИА) - Итната медицинска помош во Делчево доби нова медицинска опрема како донација од општествено-одговорната компанија „Брегал". Од медицинската установа заблагодарувајки се за донацијата, посочија дека компанијата во последните неколку години е еден од најчестите донатори, кои ја потпомагаат нивната работа. - Општествено-одговорната компанија низ годините наназад ни пружа голема поддршка во работењето. Конкретно денешната нивна донација се состои од работни реквизити и опрема, која во голема мера ќе ја олесни нашата работа при складирањето лекови. Огромна беше нивната помош и за време на експанзијата со Ковид-19, за што од срце сме им благодарни, истакнаа од Итната медицинска помош во Делчево. Од компанијата потенцираа дека донацијата е само мал дел од она што секој општествено-одговорен субјект треба да го направи, како поддршка за своите сограѓани. - Со ова сакаме да дадеме поттик и останати компании кои се во можност да го направат истото, додадоа од „Брегал" Делчево. Претходно, на иницијатива на компанијата, а со цел поголема грижа за животната средина, на повеќе локации во Делчево и на планината Голак беа донирани и поставени повеќе канти за отпадоци, а на нивна иницијатива беа обезбедени и засадени повеќе видови зимзелени дрвца.вс/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан