• петок, 17 април 2026

ДОМ: Зошто се сече дрворедот на Орце Николов?

ДОМ: Зошто се сече дрворедот на Орце Николов?
Скопје, 10 јуни 2021  Зелената партија ДОМ со голема загриженост ги следи фотографиите и реакциите на социјалните мрежи за сечата на дрворедот на Орце Николов. Јавно поставуваме прашање до општина Центар, зошто е направен овој “масакар„ врз дрворедот? Зошто се сечат дрва без никаква најава и објаснување? Да не забораваме дека на вака “зацементиран„ град каде што се случува урбанистички хаос, секој ваков дрворед е важен за благостостојба на граѓаните и на животната средина. Зелената партија ДОМ апелира итно да престане сечењето на дрвјата, да се обнови дрворедот и да се обезбедат нови зелени површини во општина Центар. Со почит, ДОМ – Канцеларија за односи со јавност  ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.    

Остани поврзан