• вторник, 17 декември 2024

Долниот дом на италијанскиот Парламент ја поддржа Владата на Мелони

Долниот дом на италијанскиот Парламент ја поддржа Владата на Мелони
Рим, 25 октомври 2022 (МИА)  - Долниот дом на италијанскиот Парламент и изгласа доверба на Владата на првата жена премиер Џорџа Мелони. Во гласањето учествуваа 389 од вкупно 400 пратеници. За поддршка на Мелони се изјаснија 235 парламентарци. Против нејзината Влада гласаа 154 пратеници, а петмина се воздржаа од гласање. Претходно денеска Мелони имаше обраќање пред Парламентот при што ја изложи својата владина агенда и нејзините приоритети. Гласањето во Горниот дом на италијанскиот Парламент е закажано за утре. аб/

Остани поврзан