• четврток, 19 декември 2024

Долгот на „Комуналец“ во Гостивар е околу седум или осум милиони евра, тврди Таравари

Долгот на „Комуналец“ во Гостивар е околу седум или осум милиони евра, тврди Таравари

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Не е вистина дека има долг од 100 милиони евра. Сите комунални претпријатија во Македонија имаат 100 милиони евра. Долгот на „Комуналец“ во Гостивар е околу седум или осум милиони евра, не повеќе и тоа се долгови што се наследени од пред да дојдам јас за градоначалник, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

- И јас прочитав, меѓутоа сакам да демантирам, 100 милиони евра нема логика. Меѓутоа, има тенденции, посебно од ДУИ, да прикажат такви вести спектакуларно. Значи, уште еднаш проверете и се надевам дека медиумот којшто го објави ќе бара извинување дека не е 100 милиони евра, одговори министерот на новинарско прашање.

Тој одговараше на новинарски прашања, по увидот во градежните работи на првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар, заедно со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. бд/ев/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан