• сабота, 21 декември 2024

Доживотен затвор за лице од Калифорнија кој ги удавил своите два сина за добивање корист од животна полиса

Доживотен затвор за лице од Калифорнија кој ги удавил своите два сина за добивање корист од животна полиса

Вашингтон, 16 март 2021 (МИА) - Судија од Калифорнија осуди лице на 212 години казна затвор во шема за добивање корист од животна полиса, соопшти денеска Министерството за правда. 

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, станува збор за Али Ф. Елмезајен (45) кој во април 2015 година управувал возило во кое биле неговата сопруга и двајца синови и излетал од патот покрај пристаниште во Лос Анџелес во заливот Сан Педро. Елмазајен преку отворениот прозорец успеал да излезе од колата која што тонела. Неговата сопруга не знаела да плива, но преживеала откако локален риболовец и фрлил појас за спасување. 

Нивните два сина, 13 - годишниот Елхасан и осум - годишниот Абделкрим, се удавиле. Децата боледувале од аутизам.  

Окружниот судија Џон Волтер шемата на Елмазајен ја нарече „злобна и ѓаволска“. 

-Oбвинетиот се кае само поради тоа што бил фатен, изјави судијата. 

Смртта на децата била дел од детално испланирана осигурителна шема од страна на Елмазајен. Од јули 2012 до јули 2013 година во осум осигурителни компании тој купил животни полиси и полиси за смрт во случај на несреќа, вредни осум милиони долари. 

Според Министерството, тој ги купил овие полиси истата година кога завршил со процедурата за банкротство, и за нив плаќал повеќе од 6.000 долари годишно. 

По „несреќната“ смрт на синовите, Елмезајен добил исплати од повеќе од 260.000 долари од две американски осигурителни компании, врз основа на животни полиси за смрт во случај на несреќа запишани на име на неговите деца. 

„Дел од парите тој ги употребил да купи недвижности и пловило во Египет“, се вели во соопштението. 

Во февруари 2018 година бил уапсен од Федералното биро за истраги (ФБИ) поради основано сомнение за повеќе измами, кражба на идентитет и за перење пари, јави Си-Ен-Ен.  

-Надвор од паметта е помислата татко да го загрози животот на своето семејство за лична финансиска добивка, изјави Рајан Корнер, специјален агент од Внатрешната даночната служба (ИРС) за криминални истраги.  

Дел од казната на Елмезајен е да исплати оштета во висина од над 260.000 долари осигурителните комании што ги измамил. кб/ 

Остани поврзан