• четврток, 02 мај 2024

Дождот ги изгасна пожарите на Јакупица

Дождот ги изгасна пожарите на Јакупица
Велес, 6 ноември 2022 (МИА) - Дождот кој синоќа заврна во реонот на планината Јакупица во Општина Чашка, во текот на ноќта  ги изгасна двата пожари во реонот на Бегово Поле, информираа денеска за МИА од Центарот за управување со кризи од Велес. Пожарите бил на терен далеку над селото Горно Јаболчиште. Според првичните информации, во поголем дел огнот зафатил сува трева од пасиште, појаснуваат од Центарот за управување со кризи. Инаку, вчера откако биле пријавени  пожарите,  во нивно  гаснење во текот на денот  со трактор се вклучи екипа на  ЈП Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес. вд/сп/ Фото: МИА Архива

Остани поврзан