• недела, 22 декември 2024

Додик: Уверен сум во ослободителна пресуда, секоја поинаква одлука би била политичка

Додик: Уверен сум во ослободителна пресуда, секоја поинаква одлука би била политичка

Сараево, 30 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека при потпишувањето на Указите ги користел уставните и законски овластувања, па затоа пред судот на БиХ може да се донесе само ослободителна пресуда во постапката против него и в.д директорот на „Службен гласник“, Милош Лукиќ, оценувајќи дека секоја друга пресуда би била политичка.

-Јас сум убеден во ослободителната пресуда. Не вршам притисок, туку велам дека постапив во согласност со Уставот на Република Српска. Не го почитувам лажниот висок претставник кој не е признат од еден од потписниците на Дејтонскиот договор. Јас сум претседател на Република Српска, кој ја застапува и претставува, рече Додик на прес-конференција во Источно Сараево, по сослушувањето во судот на Босна и Херцеговина за постапката за „непочитување на одлуките на Кристијан Шмит“.

Тој наведе дека постапувањето во согласност со Уставот и законот „не било пречка за муслиманските судии и обвинители да покренат сè“, и повтори дека постапил исклучиво во согласност со дадените овластувања, пренесе Срна.

-Република Српска е потписник на сите анекси. Ние сме еден од петте потписници и на анексот 10. Ние сме партија и имаме право да ги изразиме нашите ставови. Националното собрание соопшти дека Кристијан Шмит не е висок претставник бидејќи страните потписнички не именуваа никого, а тоа не го направи ниту Советот за безбедност со соодветната резолуција, посочи Додик.

Тој и денеска пред Судот на Босна и Херцеговина им се заблагодари на сите што му дадоа поддршка.

„Им благодарам на сите од Нови Град до Требиње што одвоија време и енергија. Горд сум на нив“, рече Додик/

Пред Судот на Босна и Херцеговина во Сараево и денеска се собраа голем број граѓани од сите делови на Република Српска за да ги поддржат Додик и Лукиќ .сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан