• понеделник, 23 декември 2024

Доделување на првите Сертификати за верификуван македонски ИКТ производ

Доделување на првите Сертификати за верификуван македонски ИКТ производ

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Комората за информатичко-комуникациска технологија (ИКТ) при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) денеска ќе ги додели првите Сертификати за верификуван македонски ИКТ производ.

Доделувањето на сертификатите, како што велат од ССК, има за цел да им оддаде признание на македонските компании кои успешно ги исполниле специфичните критериуми, стандарди и прописи во ИКТ индустријата и поседуваат уникатни производи кои нудат проверени и усогласени технолошки решенија. 

-Сертификатите ќе служат како опиплив доказ за квалитетот, безбедноста и доверливоста на нивните производи кои треба да влеат доверба кај нивните корисници, клиенти и партнери и да ги издвојат од другите компании во еден од најконкурентните сектори во нашата држава, но и на глобално ниво. Сертификатите ќе им овозможат и пристап до странски пазари и подобрување на нивната пазарна продажба, кредибилитет и доверба меѓу корисниците и останатите засегнати страни, посочуваат од ССК.

Во рамките на настанот, додаваат, своја кратка презентација ќе одржи и проф. д-р Мирко Спироски, основач и директор на Научната фондација Спироски која ја има создадено Македонската банка за хумана ДНК и ги координира активностите на дарителските центри кои се дополнителен потенцијал за лекување на болните од крвен канцер со трансплантација на коскена срцевина.вј/вг/

Фото. МИА архива

Остани поврзан