• понеделник, 23 декември 2024

Доделување на државната награда „Мето Јовановски“ 2023 - добитници „Лице в лице“ и Борче Стаменов

Доделување на државната награда „Мето Јовановски“ 2023 - добитници „Лице в лице“ и Борче Стаменов

Скопје, 10 декември 2023 (МИА) - Во Собранието денеска напладне ќе биде врачена годинашната државна награда „Мето Јовановски“  - највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

За 2023 година оваа награда ќе им биде доделена на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ - непрофитно, независно улично списание, посветено на одржливиот развој, социјалната правда, принципите на еднаквост, демократија и хуманост, и на Борче Стаменов од Кавадарци, кој собира расипани лаптопи и компјутери, од нив креира нови и ги праќа на социјално загрозени семејства. 

Државната награда „Мето Јовановски“ се доделува на Меѓународниот ден на човековите права 10 Декември. Именувана е по писателот Мето Јовановски (1928-2016), прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а потоа и негов почесен претседател. хс/ев/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан