Доделување договори на млади земјоделци за набавка на опрема за мали семејни винарии
- Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска во Кавадарци ќе додели договори за „Млад земјоделец“.
Скопје, 3 март 2021 (МИА) - Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денеска во Кавадарци ќе додели договори за „Млад земјоделец“. Договорите се за набавка на опрема за мали семејни винарии.
Потпишувањето, како што е најавено, ќе биде во близина на воденицата во месноста Моклиште, кај лозовите насади на винаријата Македонски Параџик. аа/