Доделени 14 решенија на наставници од четирите основни училишта на територијата на Општина Чаир
- СООПШТЕНИЕ -Општина Чаир денес организираше свечена церемонија на која беа доделени 14 решенија на наставници од четири основни училишта на територијата на општината: „Јашар Беј Шкупи“, „Тефејјуз“, „Исмаил Ќемали“ и „Хасан Приштина“.
Скопје, 3 јуни 2025
Општина Чаир денес организираше свечена церемонија на која беа доделени 14 решенија на наставници од четири основни училишта на територијата на општината: „Јашар Беј Шкупи“, „Тефејјуз“, „Исмаил Ќемали“ и „Хасан Приштина“.
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, ја истакна важноста на овој чекор како дел од посветеноста на општината за поддршка на образованието преку конкретни одлуки кои носат сигурност и мотивација за наставниот кадар.
Преку овие решенија, Општина Чаир дополнително ја зацврстува улогата на наставниците како столб на образовниот систем и го потврдува заложбата за создавање поодржливи и подостоинствени услови во образованието.
Општина Чаир
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото:Општина Чаир