• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Доделени наградите од Главната вечер на Струмичкиот карневал

Доделени наградите од Главната вечер на Струмичкиот карневал

Струмица, 4 март 2025 (МИА) - Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал вечерва им ги додели наградите на најдобрите маски кои учествуваа на Главната карневалска вечер што се одржа во саботата.

Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица доби медал од FECC (Федерација на Европските карневалски градови) по повод одржаните концерти под маски во изминатите 15 години, а плакета добија Струмичките мажоретки.

Пред доделувањето на наградите се одржа Карневалско корзо. Дел од учесниците на Главната карневалска вечер продефилираа по улицата на некогашното корзо во Струмица и потсетија на времето кога Карневалот се одржуваше во вторник.

Осумдневните карневалски празнувања завршуваат утре со организирање на традиционалниот Тримерски ручек по повод празникот на армасаните (верените) девојки и враќање на клучот на градот од страна на карневалистите на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. рт/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан