Договорен трансферот на Ѓокереш, Арсенал ќе му плати на Спортинг повеќе од 73 милиони евра
- Арсенал постигна договор со Спортинг Лисабон за трансферот на голгетерот Виктор Ѓокереш, објави денеска новинарот Фабрицио Романо.
Лондон, 22 јули 2025 (МИА) – Арсенал постигна договор со Спортинг Лисабон за трансферот на голгетерот Виктор Ѓокереш, објави денеска новинарот Фабрицио Романо.
Според истиот извор, двата клуба дојдоа до договор по долги преговори, а шведскиот репрезентативец со унгарски корени ќе потпише петгодишен договор со лондонски Арсенал.
Англискиот клуб за трансферот ќе плати 63,5 милиони евра плус десет милиони евра во разни бонуси, а неговите агенти ќе ја намалат провизијата за да го финализираат договорот.
Давесетиседумгодишниот Ѓокереш ќе се врати на Островот, каде во минатото настапуваше Брајтон, Свонси и Ковентри.
Ѓокереш се пресели во Спортинг во летото 2023 година, а за две сезони во португалскиот клуб постигна 97 голови и додаде 28 асистенции на 102 натпревари. ег
ФОТО: ЕПА