Добри вести во таборот на Фиорентина: Мојс Кин доби дозвола да се врати на терен
- Фудбалерот на Фиорентина, Мојс Кин, кој колабираше пред две недели на натпреварот против Верона, доби дозвола да се врати на теренот

Фиренца, 3 март 2025 (МИА) - Фудбалерот на Фиорентина, Мојс Кин, кој колабираше пред две недели на натпреварот против Верона, доби дозвола да се врати на теренот.
Клубот соопшти дека напаѓачот ги поминал медицинските тестови и резултатите се позитивни. Кин сега може да продолжи со тренинзите со соиграчите.
Ова ќе му овозможи да учествува на гостувањето на Наполи на „Диего Армандо Марадона“ стадионот на 9 март.
Кин најверојатно нема да патува во Атина на натпреварот против Панатинаикос во Конференциската лига. дс
Фото: Архива