• петок, 05 јули 2024

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Скопје, 22 август 2020 (МИА) - Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 23.469.609 лица. Од нив починале 810.242, а оздравеле 15.989.044 луѓе. Во изминатите 24  часа во Босна и Херцеговина регистрирани се три смртни случаи од последици од Ковид-19, со што вкупниот број на починати се искачи на 530. Во истиот период пријавени се 189 новозаболени лица. Од почетокот на епидемијата во БиХ  со Ковид-19 инфицирани се 17.811 човек. Во Романија за еден ден пријавени се 961 нови случаи, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата изнесува 78.505. Во изминатите 24 часа од последици со новиот коронавирус починаа 39 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 3.272. Во Србија во изминатите 24 часа починаа три лица од последици од новиот коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 698. Додека потврдени се 109 нови случаи. Во Хрватска денеска се забележани 275 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени лица се искачи на 8.175. Досега оздравеле 5.801, а починале 171 лице. На Кипар во изминатите 24 часа е регистриран намален број нови случаи на Ковид-19, односно само четири од 3.281 направен тест. Од почетокот на епидемијата регистрирано е вкупно 1.421 заразено лице. Во Бугарија за еден ден евидентирани се 96 нови сличаи, со што вкупната бројка се искачи на 15.227 инфицирани луѓе со Ковид-19. Помеѓу новозаболените е и бугарскиот министер за млади и спорт Красен Кралев. Во изминатите 24 часа шест лица починаа од последици од новиот коронавирус, со што вкупната бројка на смртни случаи се искачи на 545. САД и понатаму се на прво место во светот по бројот на инфицирани и починати луѓе од последици од новиот коронавирус. Во изминатите 24 часа регистрирани се 11.846 случаи, со што вкупниот број на заразени изнесува 5.853.274, од кои од кои 180.364 починале, а оздравеле 3.149.462 луѓе. По САД следи Бразил, каде во изминатите 24 часа регистирани се 6.771 новозаболени, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 3.589.469 лица. Во истиот период од последици од Ковид-19 починаа 192 лица, а вкупниот број на смртни случаи изнесува 114.469. На трето место е Индија, каде за еден ден се регистирани 37.047 новозаболени, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 3.080.483 луѓе. Додека забележани се 417 смртни случаи со што вкупниот број на починати од последици на новиот коронавирус изнесува 57.263 починале, а оздравеле 2.313.510 лица. ми/

Остани поврзан