• недела, 30 јуни 2024

Дијас играч на сезоната во Премиер лигата

Дијас играч на сезоната во Премиер лигата
Лондон, 5 јуни 2021 (МИА) – Дефанзивецот на англиски првак Манчестер сити и на португалската репрезентација Рубен Дијас е избран денеска за фудбалер на сезоната во Премиер лигата, во избор на навивачите, капитените на 20-те премиерлигашки екипи и фудбалски експерти. Португалецот минатата сезона дојде во Сити од редовите на Бенфика за 56.6 милиони евра и стана само вториот Португалец во историјата на Премиер лигата кој ја освоил наградата по поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо (2007 и 2008). Номинирани за награда беа и Кевин Де Брујн, Бруно Фернандеш, Џек Грилиш, Хари Кејн, Мејсон Моунт, Мохамед Салах и Томаш Соучек. ег/паг/

Остани поврзан