• петок, 22 ноември 2024

Делегација на МВР на конвенција за истражители за внатрешни работи во САД

Делегација на МВР на конвенција за истражители за внатрешни работи во САД

Скопје, 27 август 2024 (МИА) - Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев предводи делегација на Министерството за внатрешни работи која учествува на „Националната конвенција за истражители за внатрешни работи“ во САД, информираат денеска од БЈБ.

Учеството на делегацијата на МВР е организирано и поддржано од Министерството за правда на САД и Амбасадата во Скопје, преку полициското аташе Мајкл Беки и тимот на ИЦИТАП Македонија.

Темите на работилниците во рамки на конференцијата меѓу другото вклучуваат - најдобри практики поврзани со поплаки за пристрасно полициско постапување, истраги за употреба на сила, лидерство и транспарентност.

-Денеска остваривме и средба со Вирџинија Глисон од ФБИ-Асоцијацијата за  развој во спроведување на законот, а на средбата дискутиравме за вклучување на процедуралната правда во процесот на внатрешни работи и одговорност, воедно заеднички ги разгледавме и потребите и можностите за идна заедничка соработка. Задоволство ми беше да дискутирам за овие важни прашања поврзани со темата интегритет и нивната примена кај нас, потенцирал директорот Јанев. сст/са/

Фото: МВР

 


 

Остани поврзан