• петок, 22 ноември 2024

Директорот на БЈБ оствари средба со делегација на романската полиција

Директорот на БЈБ оствари средба со делегација на романската полиција

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Сашо Тасевски денеска оствари работна средба со делегација на романската полиција, предводена од генералниот инспектор Беноне Мариан Матеи и полициското аташе Мариус Иоргулеску, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

На средбата била потенцирана успешната соработка на двете полиции, се наведува во соопштението, а биле разгледани и можностите за продлабочување на истата, како и отворање нови начини на комуникација.

- Од страна на генералниот инспектор Матеи беше потенцирано успешното справување на македонската полиција со секојдневните предизвици поврзани со миграцијата, посочувајќи дека искуствата стекнати во изминатите години, треба да бидат ценети од сите во Европската Унија. Притоа, искажа уверување дека овие искуства може да бидат споделени со полициските службеници во Романија. Воедно, Матеи го покани Тасевски да оствари посета на Романија со цел утврдување на темите од заеднички интерес, се додава во соопштението.

Директорот на БЈБ изразил подготвеност за споделување на искуствата што граничната полиција ги има стекнато, соработката меѓу македонската и романската полиција да се одржува на високо ниво и констатирал дека новите форми на криминал, „бараат континуирана соработка заснована на меѓусебна доверба“. бд/дма/

Фото: Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан