• петок, 19 јули 2024

Дипломати на ОН снимија песна (видео)

Дипломати на ОН снимија песна (видео)
Њујорк, 24 април 2020 (МИА) - Бендот „УНРокс" основан од шестмина дипломати, поранешни и сегашни амбасадори на Обединетите Нации, заедно со повеќе пријатели сними нова верзија на песната „Heal the World" на Мајкл Џексон. Оваа преработка e посветeна нa сите здравствени работници - хероите на првите борбени линии на фронтот во борбата против корона-епидемијата. Еден од членовите на бендот е Милан Милановиќ, амбасадор на Србија во ОН. Во составот, за песнава, се и Симона Микулеску (Романија), Гиљермо Ришчински (Канада), Антонио Педро Монтеиро Лима (Република Зелен ’Рт), Едуардо Улибари (Костарика) и Марлен Мозес (Науру) и дваесетина други. Бендот соработува и со познатиот композитор Гери Фрај. Песната ја обележува и 75- годишнината од основањето на Обединетите Нации.  си/ https://www.youtube.com/watch?v=NO-17rYpKi0

Остани поврзан