• недела, 22 декември 2024

Димитров: Не смее и нема да има калкулации со здравјето на граѓаните

Димитров: Не смее и нема да има калкулации со здравјето на граѓаните
Скопје, 14 март 2020 (МИА) - Овие парламентарни избори мислам дека се клучни. Немаме луксуз пак да се вратиме назад, мораме напред. Назад видовме како е, и што имаме. Факт е дека има области во кои можеме и мораме да бидеме подобри. Но, нема друга опција. Има сигнали за големо растење, преземање одговорност, повеќе работење, потранспаретно работење. Следната битка ни е дома. За првата изборна единица важни се перспективата, редот, нормалноста, правдата, порача Никола Димитров, носителот на листата на коалицијата „Можеме“ во вечерното он-лајн интервју.
Во врска со можноста изборите да се одложат поради ситуацијата со коронавирусот, Димитров посочи дека рано е да се одговори конечно затоа што информациите и забраните во врска со вирусот се менуваат секој ден.
-Здравјето на граѓаните е прв приоротет за сите, за нас е сигурно приоритет и сите калкулации не се дозволени, без разлика нам дали ни одговара, заради рејтингот, заради контекстот да бидат изборите според планот на 12 април. Мислам дека е многу непредвидлива, ситуацијата многу се менува. Никакви други моменти нема да имаат улога, освен ситуацијата. Дури и да е на некаква политичка штета, сепак здравјето е поважно. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата, изјави Димитров на прашање на гледач поставено на Фејсбук.
Но, без разлика кога и да се одржат изборите Димитров е уверен во голема победа на коалицијата „Можеме“ затоа што нејзиното проевропско делување нема конкуренција.
- Јас лично можам да ветам дека пријателски, рака под рака ќе туркам напред и ќе не биде. Заедно со нашите граѓани од другите националности ќе покажеме дека решивме да не биде и тоа ќе го направиме. Не е време да се седи на страна. Во демократијата граѓаните на избори кажуваат каква држава сакаат да имаат, изрази оптимизам Димитров верувајќи во концептот и програмата на СДСМ. дма/

Остани поврзан