• петок, 22 ноември 2024

Димитров: Не е време за патување во странство

Димитров: Не е време за патување во странство
Скопје, 17 март 2020 (МИА) - Не е време за патување во странство. Државите ги менуваат своите политики на дневна основа. Значи, македонски граѓани кои денеска ќе излезат надвор од границите, апсолутно е неизвесно кога ќе може да се вратат дома, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров. - Од утрово сме во комуникација со многу наши граѓани. Дури имаме една многу мала група во Лима, во Перу. Искрено мора да се разбере дека живееме во една неверојатна криза. Државите ги менуваат своите политики на дневна основа. Утрово добивме нова нота од соседна Србија. Значи македонски граѓани кои денеска ќе излезат надвор од границите, апсолутно е неизвесно кога ќе може да се вратат дома. Не е време за патување во странство, изјави Димитров во ликовско вклучување за телевизија „24“. Истакна дека иако неговата фукција налага да патува постојано, сепак ги откажал сите патувања. - Имав панел и требаше да бидам во Париз, но се одржа дигитално. Сега и премиерот Спасовски имаше дигитална конференција со лидерите на Балканот што ја организираше канцеларот на Австрија, Себастијан Курц. Се се префрлува дигитално. Ќе имаме дигитална посета и на Михаил Рот, германскиот министер за европски прашања. Значи телефони и видео врски, наместо средби во живо, рече Димитров. бак/ац/

Остани поврзан