• петок, 22 ноември 2024

Димитров: Доколку е возможно да се одржат избори, тогаш тоа треба да го направиме

Димитров: Доколку е возможно да се одржат избори, тогаш тоа треба да го направиме
Скопје, 5 мај 2020 (МИА) - Министерот за надворешни работи Никола Димитров смета дека доколку епидемиолозите и експертската јавност оценат дека е возможно да се одржат избори, тогаш треба да се оди на избори. На гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, Димитров рече дека најважно е здравјето на граѓаните, но оти доколку има услови за избори, тогаш е добро тоа да се направи. - Ако ситуацијата со пандемијата се смирува, ако гледаме држави кои ќе одат на избори, тогаш е добро тоа да се направи. Се разбира, првиот приоритет е здравјето на граѓаните, истакна Димитров. Ако нема услови за избори, тогаш смета Димитров, треба да има политичка влада. - Суштински природата на оваа влада е да организира избори. Ако ова трае и ако нема услови за избори, тогаш треба да има политичка влада. Која е улогата на оваа влада каде имаме кочење, рече Димитров, посочувајќи дека денеска од страна на дополнителната заменичка мнистерка за финансии имало блокирање за средства од Светска банка наменети за справување со коронавирусот. Според шефот на дипломатијата, на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски треба да се разговара за изборите. бак/нд/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан