• недела, 22 декември 2024

Димитров: Миграцијата, но и начинот на кој се добиваат податоците се едни од причините за падот на невработеноста

Димитров: Миграцијата, но и  начинот на кој се добиваат податоците се едни од причините за падот на невработеноста

Штип, 7 септември 2024 (МИА) - Методолгијата, односно начинот на добивање на податоци за бројот на невработени лица кои ги прави Државниот завод за статистика (ДЗС), но и миграцијата на младото население, кое е работоспособно, се едни од причините што има историски пад на невработеноста на 12,5 во второто тримесечје од годинава, смета Ангел Димитров од Организација на работодавачи.

Според него, сепак овие податоци треба да се според со бројките кои ги има Агенцијата за вработување.

-Заводот за статистика ги добива на база на анкета од домаќинствата. Треба да се споредат со оние што се на Агенција за вработување, бидејќи кај вработеноста имаме навистина интересни податоци. Така да во вториот квартал 2024 година имаме 691.000 или за 2.000 луѓе во однос на 2023 година зголемено вработени, а вториот кавартал во однос на првиот дури за 4.385 луѓе зголемување што е малку невообичаено многу за еден квартал, вели Димитров.

Тој додава дека бизнис заедницата и Организацијата на работодавачи подолго време бара прочистување на списокот на невработени, но и начинот на кој се прави списокот, бидејќи какошто вели Димитров од една страна не може да се прикажува дека имаме 103.000 невработени, а на огласите за вработување да не се јавуваат работници.

-Бараме затоа што дел од тие луѓе се надвор од државата, а ние ги водеме како невработени без разлика дали се прави тука некои манипулации, као активно вработени да користат некои привилегии или као пасивни баратели. Во секој случај се водат во Агенцијата како невработени, од друга страна ние имаме многу сива економија. Треба да видеме колкав дел од тие што се водат како невработени или социјални случаи работат на црно, бидејќи навистина сите знаеме дека мора да ја намалиме сивата економија, изјави Димитров.

Тој истакна дека по изборите кај бизнис заедницата  има некој мал оптимизам, бидејќи власта најавуваат промени во делот на стопанисувањето. Но, какошто вели тој периодов е краток за дадат подолгорочни прогнози. вдј/нд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан