• четврток, 21 ноември 2024

Димитров дел од европската дипломатска елита - стана член на Групата на високо ниво за европска стратешка меѓузависност

Димитров дел од европската дипломатска елита - стана член на Групата на високо ниво за европска стратешка меѓузависност

Скопје, 10 јули 2024

Групата е неодамна формирана од страна на три водечки европски организации: Светскиот економски форум, Европскиот совет за надворешни односи и СајансПо.

Претседателот на „Солуција” Никола Димитров стана член на Групата на високо ниво за европска стратешка меѓузависност, што неодамна ја формираа Светскиот економски форум, Европскиот совет за надворешни односи и СајансПо.

Ова е нова иницијатива, која интегрира клучни експерти, актуелни и поранешни политички лидери и дипломати од цела Европа, чија цел е зајакнување на политичката и економска сила на ЕУ, а Димитров е единствениот поканет член од Западен Балкан.

На првата Конференција што се одржа во Мадрид, Димитров зборуваше за улогата на регионот во контекст на Европа како еден од глобалните центри на економска и политичка гравитација, презентирајќи ги предизвиците и интересите на Северна Македонија и на регионот.

На маргините на Конференцијата, Димитров разговараше и со идниот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста, изразувајќи му благодарност што во настапот го постави проширувањето високо во приоритетите на Унијата во рамките на неговиот претстоен мандат.

 

Фото: Тим на „Солуција” 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан