• понеделник, 23 декември 2024

Димитровски: 31 милион евра за ИПА Програмата 2021-2027 од ЕУ за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија

Димитровски: 31 милион евра за ИПА Програмата 2021-2027 од ЕУ за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија
Скопје, 11 март 2022 (МИА) - ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија за третиот ИПА програмски период 2021-2027 година денеска беше потврдена од страна на Заедничката работна група во чија работа учествуваат претставници од надлежните министерства од Северна Македонија и од Бугарија. Како што информира Министерството за локална самоуправа, во својата финална фаза Програмата ќе биде доставена на конечно усвојување во Брисел, по што ќе може да отпочне нејзината имплементација преку финансирање на заеднички проекти меѓу Северна Македонија и Бугарија.Заменикот-министер за локална самоуправа Зоран Димитровски ја поздрави посветеноста на надлежните институции од двете земји во текот на подготовката на Програмата. Димитровски ја истакна важноста на Програмата за граѓаните од двете држави.- ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија ни става на располагање 31 милион евра од Европската Унија со кои можеме да реализираме значајни проекти и во двете земји, како и еден стратешки проект, граничниот премин Клепало, за што се резервирани околу 10 милиони евра, рече Димитровски. Заменик-министерпт Димитровски рече дека во рамки на овој проект се предвидува изградба на нов и рехабилитација на постојниот патен правец за поврзување на Берово со Струмјани и рехабилитација на граничниот премин Клепало.- Заедничката иднина на земјите од регионот е во Европската Унија, очекувам побрзо отпочнување на преговорите на нашата земја со Европската Унија и уште подобра и поинтензивна соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, рече Димитровски.Усвојувањето на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија од страна на Европската комисија е услов за отпочнување на нејзината имплементација.Објавувањето на првиот јавен повик за проекти во три приоритетни области се планира за наредната, 2023 година, веднаш по усвојувањето и воспоставувањето на институционалната структура за спроведување на Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, за периодот до 2027 година. мд/сп/

Остани поврзан