• сабота, 20 април 2024

Димитријевиќ: Кога се преселив во Казан, целосно го сменив мислењето за Русија

Димитријевиќ: Кога се преселив во Казан, целосно го сменив мислењето за Русија

Москва, 24 мај 2023 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ призна дека целосно го сменил своето мислење за Русија откако се преселил во Казан.

 

- Сум бил во Русија пред 3-4 години кога играв во еврокуповите за шпански клубови. Згора на тоа, игравме со локални екипи две сезони по ред. И двата пати на крајот на ноември, односно времето беше страшно: сиво и врнеше снег. Се движевме само од арената до хотелот и не можевме да видиме ништо. За разлика од Шпанија, ми се чинеше дека Русија не е најдоброто место, немав најубави спомени од тие патувања. Меѓутоа, кога пристигнав во Казан во септември, видов колку е убав градот, толку многу одлични места за поминување на вечерта. Целосно го сменив мислењето за Русија, изјави Димитријевиќ.

 

Македонецот беше прогласен за МВП во плејофот на ВТБ-лигата, а неговиот тим УНИКС стигна до шампионскиот трофеј. зс/

 

Фото: ВТБ

Остани поврзан