• среда, 17 јули 2024

Димитриеска Кочоска: Во Свети Николе се решваат децениски проблеми

Димитриеска Кочоска: Во Свети Николе се решваат децениски проблеми
Скопје, 9 мај 2022

Денес во рамки на акцијата „Промените се случуваат, секогаш со народот“, сум во посета на Свети Николе. Морам да кажам дека на мое огромно задоволство денес градоначалникот Дејан Владев заедно со неговиот тим значи ме однесоа на неколку места каде што имаат сериозни градежни активности. И морам да потенцирам значи се решение неколку децениски проблеми кои што ги имале луѓето во одредени места во градот.

Имаме реконструкција и асфалтирање на улица „Васка Циклева“, меѓутоа она што навистина ми остави денес голем впечаток е тоа што после многу долги години имаме изградба односно асфалтирање на еден поголем потег од Бел Камен до Рудина. Бевме таму тоа се неколку улички, краци каде што претходно воопшто немало ништо асфалтирано. И она што исто дополнително ме радува е тоа што таму жителите се презадоволни, ги имаше значи во куќите, повозрасни луѓе кои што навистина се задоволни затоа што претходно земјата, водите сето тоа веќе го нема и таму се асфалтира во рок од две недели, како што ме информира градоначалникот. Таму е планирано комплетно да се заврши целиот проект.

Исто така еве гледате во моментов значи сме во посета на изградбата на противпожарната станица, како што кажа и градоначалникот станува збор значи за донација од САД.

Се на се, можам да заклучам дека еве и тука во Свети Николе градоначалникот заедно со неговиот тим работат посветено. Значи за многу краток период во рок од нешто повеќе од 6 месеци тие успеаја навистина да реализираат еден огромен број на проекти. Градоначалникот најави во следниот период што ќе се случува. И да кажеме дека еве навистина промени се случуваат, нашите градоначалници сето она што го ветиле го остваруваат, како што впрочем еве и нашиот градоначалник во Свети Николе тоа го прави.

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица Денеска во општина Свети Николе на посета е потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска со која заедно посетивме неколку места каде што се извршуваат градежни работи на повеќе потези низ нашата општина. Прво бевме на асфалтирањето на потегот Бел камен – Рудина, потоа дојдовме тука каде што се гради нова противпожарна станица во општина Свети Николе модерна каква што нема во Република Македонија и мора да кажам дека таа ни е донација од американската амбасада и голема благодарност и помош до доброволното противпожарно друштво на чија иницијатива и започна оваа изградба на противпожарната станица. Кога зборуваме за противпожарната станица може да кажам дека во период од англиското доброволно противпожарно друштво обезбедивме ново противпожарно возило, а некаде во септември или октомври очекуваме од Вардарски плански регион уште едно противпожарно возило и заедно со тоа ќе имаме 5 противпожарни возила за потребите на нашата единица. Паралелно може да кажам дека во тек е постапката за набавка од сопствени средства на теренско возило за потребите на противпожарната станица во Свети Николе, бидејќи досега немаа такво. Паралелно се работат повеќе проекти низ општината. Се гради канализација во село Пеширово, во скоро време ќе започне и во село Мустафино, имаме градинка која се гради во село Ерџелија, за една ќе започне изградба на нова балон сала во просториите ООУ Даме Груев во село Ерџелија, ќе асфалтираат потези во повеќе села. Паралелно веќе започна со реализација водоводот во село Орел кој е проект на Светска банка. До крај на август треба да биде завршено и комплетно асфалтирано со канализација и атмосферска канализација во населба Лозов расадник. Има разубавување на градскиот парк со ново детско игралиште, реконструкција на ракометното игралиште. Наредниот период ќе работиме турбо, а за кратко време ќе започне реконструкцијата на ударните дупки во градот како и ставање на бекатон таму каде што нема. Се на се работиме нови проекти се за доброто на општина Свети Николе. Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Владев, градоначалник на општина Свети Николе ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки https://www.youtube.com/watch?v=7MoNVAwbJOY

Остани поврзан