• понеделник, 19 јануари 2026

Димитриевски ја зачува својата мрежа, Валенсија победи на гости

Димитриевски ја зачува својата мрежа, Валенсија победи на гости

Мадрид, 18.јануари 2026 (МИА) – Голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски втор лигашки натпревар по ред е на голот на Валенсија, по повредата на голманот Жулиен Агирезабала. На денешниот дуел со Хетафе Димитриевски ја сочува својата мрежа не затресена, а имаше и три успешни одбрани.

Неговата екипа голот за победа од 1:0 го постигна во 84.минута, а стрелец беше Гаја.

Со новите три бодови Валенсија се искачи на 17.место на табелата со 20 бодови. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан