• сабота, 06 јули 2024

Димитриевски повторно со „чиста“ мрежа, Рајо со максимален ефект

Димитриевски повторно со „чиста“ мрежа, Рајо со максимален ефект

Гранада, 22 август 2023 (МИА) – Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски не прими гол и на вториот натпревар од новата сезона во шпанската Ла Лига.

 

Тимот на Димитриевски, Рајо Ваљекано, синоќа забележа победа со 2:0 на гостувањето кај Гранада, а Димитриевски имаше неколку добри одбрани.

 

По две кола во шпанското фудбалско првенство Рајо Ваљекано со Барселона се единствените екипи чии голмани не беа совладани.

 

Тимот за кој брани Македонецот заедно со Реал Мадрид и Валенсија имаат максимални шест бода. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан