• петок, 08 ноември 2024

Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Скопје, 1 мај 2024 

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски во изјавата за медиумите им го честиташе празникот на сите граѓани и работници и им посака здравје, успех и среќа. Тој рече дека работничката класа е онаа што ја дигнала Македонија
да стане  држава. Димитриевски рече дека истовремено сака да испрати порака до актуелното раководство на СДСМ, при што рече:

Истите тие коишто дозволија да се отвараат бугарски клубови кои го содржат името Ванчо Михајлов во текот на нивниот мандат и ја згазија не само социјалдемократијата, туку и илинденските и асномските левичарски вредности и принципи, не обвинија дека сме човек партија.

Нивната ароганција е ненадминлива. Ова раководство на СДСМ, со овој арогантен пристап ја доведе партијата до историски најслабиот резултат.

Не само што ја навредија ЗНАМ, лично мене, навредија и уште 84 илјади граѓани кои го дадоа својот глас за движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија.

Ниското ниво на комуникација нема да го прифатиме. Но, како и да е, ние позитивно продолжуваме  понатаму и чест ми е што денеска токму овде традиционално во Меморијалниот центар Пелинце- АСНОМ, каде што се удрени темелите на современата македонска држава, гледам голем број на мои поранешни соборци и сопартијци, коишто ни се придружија на овој настан во организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и нивниот број секојдневно расте.

За разлика од раководството на СДСМ, тие ја прифатија подадената рака. Нашата цел е да продолжиме да ги обединуваме граѓаните и ние ќе работиме исклучиво во интерес на Македонија, државните и националните интереси.

 

Движење ЗНАМ – За наша Македонија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан