• вторник, 26 ноември 2024

Димитриевски од Кавадарци: Се роди нова политичка опција,  никогаш повеќе во државата нештата нема да бидат исти

Димитриевски од Кавадарци: Се роди нова политичка опција,  никогаш повеќе во државата нештата нема да бидат исти

Кавадарци, 27 април 2024 (МИА) - Се роди нова политичка опција, трета опција во државата, можам да ветам дека никогаш повеќе во државата нештата нема да бидат исти. Дадете  поддршка на третата опција, на  Движењето ЗНАМ За наша Македонија, што ќе биде контролор на идната власт и на идната опозиција, дополнително да се зголеми улогата на граѓаните и никогаш повеќе нема да се дозволи власта да аздисува како досега, без разлика кој ќе ја составува, истакна вечерва во Кавадарци, претседателот на Движењето За наша Македонија,  Максим Димитриевски.

Во придружба на носителот на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 4 Миле Цеков, тој денеска е во Кавадарци, Неготино и Прилеп. Ја изразија благодарноста за поддршката на гласањето за претседател на државата,  со порака дека на политичката сцена се појави нова сила, што заедно со граѓаните е подготвена да биде фактор на стабилноста. Повикаа масовно да се гласа на 8 мај и да им се даде поддршка на нивните кандидати за пратеници. 

Цеков рече дека продолжуваат да ги појаснуваат мерките предвидени во нивната програма „Проглас за достоинствена Македонија“. Ова, како што додаде, особено важи за земјоделството, што е многу важно за Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион во државата. 

-Ја предвидуваме мерката  загарантирана минимална откупна цена за земјоделските производи. Во делот на социјалната политика предвидуваме 13-та плата и усогласување на минималната пензија со минималната плата, подвлече Цеков. свд/вј/

Фото: ЗНАМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан