• понеделник, 23 декември 2024

ДИК усвои процедура за превенција и заштита од сексуално вознемирување на вработените

ДИК усвои процедура за превенција и заштита од сексуално вознемирување на вработените
Скопје, 12 октомври 2022 (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница усвои процедура за заштита и превенција од сексуално вознемирување, како континуитет на интегрирање на родовите аспекти во Комисијата, поддржано од ОБСЕ. Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху посочи на уставните и законските можности за заштита и забрана на сексуалното вознемирување и врз основа на етничко потекло, раса итн. Шеху потецира дека ДИК е посветена на реализирани на своите стратешки цели, а една од нив е и оваа. Три лица ќе бидат овластени да постапуваат по евентуални случаи на сексуално вознемирување. За време на изборите со оваа процедура ќе бидат опфатени и членовите на општинските изборни комисии и избирачките одбори. Самата процедура предвидува и мерки за вознемирувачите и други механизми за заштита од сексуаано вознемирување. ДИК усвои план за кратење на своите трошоци согласно ребелансот на Буџетот. ев/са/

Остани поврзан