• недела, 22 декември 2024

ДИК: Прегласувањето на болните, немоќните лица и во затворите се одвиваше без пријавени нерегуларности

ДИК: Прегласувањето на болните, немоќните лица и во затворите се одвиваше без пријавени нерегуларности

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК) за денешното прегласување на болните и немоќни лица, лицата кои издржуваат казна затвор и лицата сместени во центрите за вонсемејна грижа а кои припаѓаат на избирачките места каде што се поништи гласањето за парламентарните избори спроведено на 8 мај 2024, информираат дека се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности.

Од ДИК соопштуваат денеска 43 oд вкупно 45 лица пријавени како болни или немоќни гласале на избирачките места каде се одвива прегласувањето во Желино, Крушево, Охрид, Долнени и Струга.

На ИМ 2101 во Желино гласале сите 4 лица кои биле запишани како болни или немоќни.

На ИМ 1194 Крушево од 20 запишани лица гласале 18, а на ИМ 1202 Крушево гласале сите 6 запишани лица.

На ИМ 1272 Охрид, правото на глас денес го искористиле двете запишани лица во посебниот извод од Избирачкиот список.

На ИМ 1470 Долнени во кое имаше запишано 7 лица како болни или немоќни и на ИМ 1470/1 Долнени со запишани 2 лица, сите го искористија правото на глас.

На ИМ 1844 Струга, сите 4 лица запишани како болни или немоќни гласале во текот на денот.

Од ДИК посочуваат дека денеска сите 5 пријавени лица за гласање во затворите во Прилеп и Шуто Оризари гласале во објектите каде престојуваат. Наведуваат дека своето право на глас го оствариле и двајцата пријавени гласачи во центрите за вонсемејна грижа во општините Карпош и Битола. фф/аа/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан