• сабота, 23 ноември 2024

ДИК му го врачи уверението на новиот пратеник од АА Мемеди

ДИК му го врачи уверението на новиот пратеник од АА Мемеди

Скопје, 16 март 2023 (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржа седница на која констатираше дека Ремзи Мемеди од Изборната единица 5 од листата на Алијансата на Албанците и Алтернатива е новиот пратеник во Собранието. 

Нему денеска исто така му беше врачено уверениот за остаток на мандатот во Парламентот. 

Мемеди доаѓа на местото на неговиот сопартиец Сурија Рушити, чија оставка денеска беше костатирана од Собранието. 

Рушити е нов директор на МЕПСО откако Алијанса на Албанците влезе во владината коалиција. ев/аа/

 ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан